Промоција на деби-албум на пијанистот Крсте Бадаровски во Чешка

Од:

Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски, кој живее и работи во Чешка го промовираше својот прв албум со пијано музика, јави дописникот на МИА од Прага.

– Музиката е релаксирачка и медитативна, користејќи и обработувајќи повеќе науки и теми како астрологијата, астрономијата, митологијата, теологијата, физиката, статистиката, изјави пијанистот и композитор Бадаровски.

Осумте композиции, кои се наоѓаат на ЦД-то се базирани на симболиката на создавање на светот и се поврзани под називот ,,АБеЦеДа”, објаснува Бадаровски.

Имињата на перформансите „Атом”, „Азбука”, „Благослов”, „Библија”, „Циклус”, „Јасновидец”, „Денски сончев сјај” и „Девојка која сонува” во англиски превод започнуваат со првите букви од абецедата.

Со новосоздадените композиции, инспирирани од „креацијата на светот и развојот на планетата Земја” младиот Бадаровски нуди мир, спокојство и релаксација кај слушателите, а за колегите пијанисти обезбедува нов материјал.

– Една од целите на композициите е и пополнување на празнините во животите на блиските пријатели и на сите останати поради моето неприсуство, вели Бардаровски, потенцирајќи дека се чувствува горд на своето македонско потекло и се надева дека неговата музичка порака, како што рече, ќе се чуе и во етерот на неговата мајка Македонија.

Дваесет и шестгодишниот Бадаровски своето музичко образование го почнал во Скопје, во класата на Људмила Романова и Самира Мемедова-Мустафовска. Како еден од најдобрите студенти во својата генерација ги продолжува студиите на Прашкиот конзерваториум за музика, во класата на еминентните чешки пијанисти и професори Максијан Франтишек и Ева Богуниова.

Денес компонира класична и комерцијално-популарна музика, работи како професор по пијано и редовно настапува низ Чешката Република и во други земји.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска