Промоција на „Да не ја утнам темата – втор пат“ од Мојсо Мојсосвски

Од:

Мојсо Мојсовски од неодамна пензионираниот новинар на Македонското радио е автор на книгата „Да не ја утнам темата – втор пат“, што деновиве излезе од печат.

Книгата ги содржи колумните што излегуваат во секој број на „Република“ речиси една година. Станува збор за кратки, минијатурни приказни од минатото на Скопје, за неговите сограѓани – знајни и незнајни, за зданијата што веќе не постојат, за настаните што бледнеат и на кои едвам се сеќаваат и врсниците што веќе заминуваат во пензија.

– Авторот ги отсликува со сочен скопски шмек, шмек на блага шега, но и на скриена тага по се што некогаш било, а што треба да им остане како завет на идните генерации скопјани, се вели во прилогот кон книгата.

Промотори ќе бидат довчерашните колеги на Мојсовски, Марко Илкоски и Горан Петрески, а рецензиите ги напишаа Владо Димовски и Братислав Димитров.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска