Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде промовиран четиритомен избор од творештвото на Иван Чаповски.
За литературното дело на Чаповски ќе зборува Гордана Михаилова Бошнакоска, а поетски и прозни фрагменти ќе чита Александра Велинова.
Изборот од творештвото на Чаповски неодамна беше објавено во издание на „Матица македонска“, ао предговорот е на Раде Силјан. Првиот том е посветен на поезијата, а наредните три тома ги донесуваат романите „Змија“, „Магла“ и „Крв на еукалиптусот“.
Чаповски е еден од доајените на ДПМ. Автор е на богат и разновиден поетски, раскажувачки и романескнен опус. Добитник е на високи литературни награди, меѓу кои „Рациново признание“, „Стале Попов“ и „Книжевно жезло“.
Со промоцијата на избраните дела на Чаповски, ДПМ одбележува 80 години од раѓањето на писателот.