Промоција на бугарското издание на „Нишан“ во Софија

Од:

Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде промовирано бугарското издание на романот „Нишан“ од Блаже Миневски. На бугарски јазик книгата ја преведе Маријан Петров, а ја објави издавачката куќа „Изида“.

-Возбудлив роман за животот и смртта, за смислата и бесмисленоста на војната, за љубовта и омразата, за свет разделен на две, кој само љубовта и хуманоста можат да го помират, наведува КИЦ во Софија за романот „Нишан“.

Миневски за „Нишан“ ги доби наградите „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, „Роман на годината“ и „13 Ноември“.

Би можело да ве интересира

Промоција на графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“

Ана Ололовска

„Очите на воинот“ – книга за бранителите во 2001

Ана Ололовска

Книжевни настапи на Стефан Марковски во Словенија

Ана Ололовска

„Бакнежот на судбината“ од Раде Силјан објавена на бугарски јазик

Ана Ололовска

„Македонска сага“ – книга рецензии за современиот македонски филм

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска

Ана Ололовска