Промоција на 5-от број на „Лице в лице“

Од:

Петтиот број на активистичкиот уличен магазин „Лице в лице“ ќе биде промовиран на 5 јуни во среда во 19.30 часот во просторот на Безистенот, „Галерија 8“ – Стара скопска чаршија, како дел од одбележувањето на Светскиот ден на животната средина.

Во рамки на промоцијата отворена ќе биде и изложба на најуспешните фотографии од фотоконкурсот „Една фотографија-илјада зборови“, кој „Лице в лице“ го организираше во соработка со Платформата за креативни индустрии „Скопје креатива“. Ќе бидат објавени и наградените автори и дела од оваа изложба, кои ги избра жири во состав Томислав Георгиев, фотограф, Вук Митевски, ликовен уметник и филмски работник, и Игор Ивковиќ, театарски режисер. На првонаградениот автор „Скопје креатива“ ќе му обезбеди самостојна изложба, а сите наградени ќе добијат вредносни награди од „Никон“ и акредитации за следење на Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.

Промотори на новиот број ќе бидат уметникот Игор Тошевски, ракометарот Наумче Мојсовски и радио водителките Ана и Билјана од „Метрополис мрежа“.

Промоцијата е во рамки на одбележувањето на 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, а Центарот за медиумски активности (ЦМА), кој е издавач на списанието, преку „Лице в лице“ се вклучи во глобалната прослава. Годинашната тема „Мисли. Јади. Зачувај“ е посветена на храната, остатоците и фрлањето на храна и како да се превенира нејзиното губење.

Според податоците изнесени на сајтот на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), една третина од целосното производство на храна низ светот се губи и се троши во конзументскиот систем, што изнесува околу 1,3 милијарди тони.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи