„Пролет во ноември“ – концерт на Филхармонијата со пијанистот Џорџ Ли

Од:

„Пролет во ноември“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија на кој како солист ќе настапи американскиот пијанист Џорџ Ли, кој минатата година ја доби втората награда на престижниот Меѓународен натпревар „Чајковски“. Тој е и победник на 14. Интернационален конкурс „Анимато“ во Париз и добитник на третата награда на „Шопен“.

– Џорџ Ли се смета за еден од најталентираните и најкреативните млади пијанисти во светот. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија тој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во Ц-дур од Лудвиг ван Бетовен кој се смета за едно од омилените дела од овој музички гениј кај изведувачите, соопшти Македонската филхармонија.

Концертот ќе го води американскиот диригент Кејс Скалионе кој, како што посочува критиката, постојано ги импресионира оркестрите од целиот свет со „сензитивни и внимателни изведби на музичките дела“.

На програмата на концертот „Пролет во ноември“ ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 во Б-дур наречена „Пролетна“ од германскиот композитор Роберт Шуман.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска