Професионалните театри со помалку претстави и посетители отколку аматерските

Од:

За 5,9 проценти е намален вкупниот број изведени претстави во професионалните театри во сезоната 2018/2019 во однос на претходната 2017/2018. За 3,8 отсто е намален и бројот на посетители, а просечно ги имало 214 на една претстава, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во професионалните театри за деца и млади имало 10 проценти помалку изведени претстави и 17,6 отсто помалку посетители во 2018/2019 за разлика од 2017/2018.

Аматерските театри, пак, прикажале за 74,1 проценти повеќе претстави, а имале за 92,7 отсто повеќе посетители.

Споредено во двете сезони, зголемување има и на бројот на концерти и на посетители на Филхармонијата, а намалување е забележано на бројот на самостојните приредби (концерти) и бројот на посетителите кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“