Проектот Креативен викенд Лазарополе претставен во Париз

Од:

Проектот Креативен викенд Лазарополе, кој веќе 3 години наназад се случува во ова планинско село во западна Македонија, денеска беше претставен на публиката во Париз, во културно социјалниот центар „La Generale“. Проектот го презентираа координаторите Јован Ламбески и Тони Димитров, најпрвин преку презентација и фотографии од изминатите изданија на Креативен викенд, а потоа и со кратко видео кое е направено за време на еден од креативните викенди. Покрај презентацијата беапретставени и дел од уметниците кои досега учествувале во проектот и тоа со делата добиени како резултат од креативните викенди.

Проектот Креативен викенд се состои од работилници на кои се работи на различни креативни аспекти и уметнички перспективи, каде авторите имаат можност да се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, да се инспирираат, создаваат, пишуваат, цртаат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, да се дружат и да уживаат во природата. Работилниците се наменети за млади креативци кои се заинтересирани за уметноста и крeативните индустрии, кои ќе работат заедно, врз основа на што би се создала база за нивна понатамошна соработка на ниво на локална сцена во соодветната уметничка област, што е еден чекор кон креирање на своевидна уметничка заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина.

Покрај претставувањето на Креативен викенд, во Париз беше претставена и концептуалната звучна инсталација „Страв од музика“ на Тони Димитров, чиј дел е снимен во Лазарополе. Делото поставува едно клучно прашање во современата уметност и  ја опсервира релацијата помеѓу уметноста (или она  што го нарекуваме fine art) и/или звукот (звучната уметност). Современата уметност е масовен феномен, меѓутоа, додека пошироката јавност нема проблеми со прифаќањето на авангардната и експерименталната уметност, сепак постои масовен отпор кон авангардната и експерименталната музичка, иако и двете се појавени во исто време и под слични околности – и покрај фактот што музичарите и уметниците прават постојани обиди да се воспостави синестезија помеѓу двата медиуми. Овој отпор од експерименталната музика може да биде опсервиран преку паралелните истории на современата уметност и модерна музика или проучуван преку факторите зошто едната е прифатена и разбрана, додека другата игнорирана, третирана со збунетост или потсмев. David Stubbs тој процес го нарекува страв од музика.

Оваа инсталација досега е изложена во Скопје и Виница, а по Франција ќе биде претставена и во Холандија на 15 ноември во рамките на „PNEM Sound Art Festiva“l. Покрај овој проект, на настанот беше прикажан и аудио документарецот „Лазарополе“ во режија на Димитров.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и прокеција на „Прашина“ во Кинотека

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков