Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (УКИМ) организира на проекција на документарниот филм „Алфабет“ (Alphabet) на Ервин Вагенхофер.
Настанот ќе се одржи на 23 април (четврток), со почеток во 18 часот, во амфитеатар 3.
По завршувањето на филмот, предвидена е дискусија, која ќе ја водат проф. Славица Србиновска од катедрата за општа и компаративна книжевност и Сашо Н. Алушевски од Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“.
Филмот „Алфабет“ (продукција Австрија/Германија, 2013) ја велича човековата имагинација, покажувајќи ни како ја губиме низ стандардизираниот образовен систем и како стануваме совршен потрошен материјал за современото вртоглаво општество заинтересирано единствено за мерливи резултати. Станува збор за остра критика на модерното образование, преку анализа на алтернативните начини на едукација.