Словенечкиот центар Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат проекција на документарен филм за Франце Прешерн.
Проекцијата ќе се одржи денеска во 13:00 во библиотеката за македонски и јужнословенски книжевности, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Настанот е во рамки на месецот на словенечка култура во Република Македонија, во организација на Словенечкиот центар – Скопје, со подршка на Бирото на Владата на Република Словенија за Словенците во соседството и по светот.