Проекции на руски филмови во Кочани

Од:

Со филмот „Ѕвезда“ во режија на Николај Лебедов вечерва во Кочани почнува циклусот руски филмови насловен „Војна и мир во рускиот филм“.

Во овој циклус ќе бидат прикажани шест филма од реномирани руски режисери, а ќе бидат проектирани во центарот за култура „Бели мугри“.

– Проекциите на филмовите се поддржани од Амабасадата на Руската федерација во Македонија, Рускиот културно-имформативен центар во Софија, Министерството за култура, Филмскиот фонд и Кинотеката на Македонија, изјави Коце Стоименов, директор на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Во наредните денови ќе бидат прикажани филмовите „Осолободувањето: последен јуриш“, „Летаат жеравите“, „Поп“, „Една војна“, а на 20 мај циклусот руски филмови ќе заврши со проекција на филмот „Ние сме од иднината“.

Би можело да ве интересира

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

Низа лични дискредитации и навреди за предложените кандидати за в.д. градоначалник на Кочани

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски