Продолжува фрескоживописувањето во црквата „Св.Димитрија“ во Зрновци

Од:

Во еден од најстарите обележја на христијанството во Зрновци, црквата посветена на „Св Димитрија“ продолжуваат активностите за фрескоживописување на внатрешниот дел од црквата.

Со одлука на Црковниот одбор на Зрновската парохија како и со финансиска поддршка на голем број верници, голем дел од иконите и фреските веќе се готови, а останува да се насликаат мал дел од фреските над влезната врата во Црквата, градена во средината на 19 век.

– Целосно е завршена реконструкцијата на црквата која на места беше напукната од свлечиштето на теренот, каде што е изградена. Реконструкцијата и заштитата ја реализиравме со подршка на општината но и на верниците од Зрновци. По живописувањето на двете нови цркви во селата Мородвис и Видовиште, решивме и во останатите делови од оваа црква каде што нема фрески истите да ги насликаме. Засега работите се одвиваат според утврдената динамика, а одзивот на верниците за донирање на средства за изработка на фрески во црквата е задоволителен. Истите се изработуваат од страна на иконописецот Валентин Ѓурковиќ од Кочани, изјави Лазар Коцев, свештеник во црквата.

Инаку Црквата „Св. Димитрија“ располага со мошне богат фонд на икони создадени кон крајот на 19 век од засега непознат автор. Ги има вкупно 65 кои се ставени под заштита на државата. Во црковната библиотека се среќаваат и голем број книги на црковно-словенски јазик кои датираат од 1833 до 1900 година, зад чии корици тогашните свештеници ја запишувале историјата на зрновскиот крај и пошироко на населените места под Плачковица.

Би можело да ве интересира

Се реконструира главниот конак на „Св Пантелејмон“, ќе се аплицира за листата на УНЕСКО

Ана Ололовска

Конзерваторско – реставраторски работи на архитектурата на црквата Св.Ѓорги во Курбиново

Ана Ололовска

Изложба „1000 години Бигорски Манастир“

Ана Ололовска

Рекорден број Германци лани ги напуштиле Протестантската и Католичката црква

Жарко Настоски

Водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик

Ана Ололовска

Почна постапката за конзервација на црквата „Свети Власие“ на штипската тврдина Исар

Ана Ололовска