ПРО-ЗА Балкан од 27. до 29. мај

Од:

Програмата на второто издание на интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан што го организира издавачата куќа „Икона“, ќе биде објавена денеска.

За програмата и новините на фестивалот ќе зборуваат директорот Дејан Трајкоски, уметничкиот директор  проф. д-р Александар Прокопиев, како и членовите на Уметничкиот совет, проф. д-р Елизабета Шелева и проф. д-р Ермис Лафазановски.

Според „Икона“, од оваа година на ПРО-ЗА Балкан, заедно со писателите од Балканот ќе биде претставен и писател од Македонија кој ќе го бира селектор, исто така, од редовите на македонските писатели. Годинава селектор е проф. д-р Венко Андоновски.

Фестивалот беше промовиран и првпат се одржа во март минатата година. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска