На вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Алхемија“, како солист ќе настапи Ксенија Сидорова од Летонија, која е позната како „принцезата на хармоника“. Диригент на концертот ќе биде Даниел Рајскин од Русија.
Сидорова ќе го изведе популарниот Концерт за бандонеон од аргентинскиот композитор Астор Пјацола, кој премиерно ќе прозвучи во Македонија.
Премиерно кај нас ќе биде изведена и симфониската поема „На бреговите на реката Сент Морис“ од канадскиот современ композитор Жак Ету, а ќе биде изведена и егзотичната симфониска свита „Шехерезада“ оп.35 од Николај Римски Корсаков, информираше Филхармонијата.