Прилепскиот театар со онлајн претстава за Меѓународниот ден на театарот

Од:

Со претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски што ќе биде прикажана онлајн вечер, од 19 часот, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот – 27 Март.

Поради пандемијата, театарот не може да прикаже претстава на сцена, па затоа љубителите на театарската уметност ќе може да ја погледнат преку интернет, односно од 19 часот преку нивниот youtube – канал и на ФБ страницата: NUCK Markocepenkov.

В недела, пак, од 12:00 часот најмладите ќе може да погледнат претстава за деца.

Годинава, за Меѓународниот ден на театарот светската порака ја испрати актерката Хелен Мирен, а македонската, актерката Сузан Акбелге. Акбелге зборувајќи за креативноста и кризата со пандемијата, меѓудругоито порачува дека кризите секогаш се шанса за преобразба, но сѐ уште не се знае каква ќе биде, но одговорноста останува.

Акбелге поканува „да сонуваме со очи ширум отворени, да ја разбудиме креативноста преку која постоиме“. Завршува со зборовите на Горан Стефаноски: Ќе зборуваме или ќе работиме?

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“