Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Љубовни пози на историјата“ („Figurae, veneris, historiae“) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, ќе учествува на 15-ото издание на Меѓународниот фестивал на глумци, што до 2 декември се одржува во Никшиќ, Црна Гора.
Настапот на актерите од театарот е на 29 ноември, а фестивалската публика ќе има можност да ја проследи претставата која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста.
Во претставата играат: Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Ангела Наумоска…