Презентација на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“

Од:

Презентација на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“ организираат денеска Министерството за култура и Агенцијата за филм, во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба – Скопје.

Гости на настанот, соопшти Министерството за култура, ќе бидат претставниците на Канцеларијата на Креативна Европа – Култура од Кралството Холандија, Клартје Булт и Максим Зеф, д-р Елица Стоилова од Пловдивскиот Универзитет и Камен Балкански од Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија.

Во рамки на работната сесија посветена на потпрограмата „Култура“ ќе бидат претставени: холандското искуство со потпрограмата „Култура“, категоријата „Платформи“ и успешни проекти (категории: „Платформи“ и „Проекти за соработка“).

Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма МЕДИА на Република Македонија во соработка со Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија ќе одржи дебата на тема „Креативна Европа МЕДИА – Можности и предизвици“.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ