Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“ – Култура и МЕДИА

Од:

Канцелариите на програмата на Европската Унија „Креативна Европа“ за потпрограмите Култура и МЕДИА денеска напладне во Младинскиот културен центар ќе одржи отворени презентации во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“.

Презентациите се на темите: „10 најчести прашања и одговори“ – поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање, можностите за учество на тренинзи и работилници, „European film challenge 2020” – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонска партнерска организација „Блинк 42/21“, „Проекти за соработка – Креативна Европа Култура“ и „Примери на добра пракса од потпрограма Култура: CON-FRONT: heritage, where the past meets future и Тhe Chorus Project“.

Од МЕДИА Деск МК информираат дека настанот е отворен за јавност и, покрај претставници на аудиовизуелниот сектор и претставници од културата, ги поканува и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми за да се запознаат со сите можности за аплицирање на повиците кои се дел од програмата „Креативна Европа“.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ