Преводи на поезија од Славе Ѓорѓо Димоски на италијански јазик

Од:

Специјализираниот италијански портал за поезија Poetrum Silva, деновиве објави паралелно на циклус песни од Славе Ѓорѓо Димоски, паралелно на македонски и на италијански јазик.

Осумнаесет оделни поетски книги на Ѓорѓо се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“