Претставување на преведувачките Бјанкофјоре и Цинеге Панзова

Од:

Во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) Издавачката куќа „Готен“ организира претставување и разговор со преведувачките Марјанџела Бјанкофјоре и Анамарија Цинеге Панзова. Бјанкофјоре и Цинеге Панзова во август престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје.

Средбата ќе се одржи онлајн, преку платформата „Зум“. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски.

„Превод во движење“ е проект чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија.

– Во рамки на резиденцијалниот престој, преведувачките работеа на конкретни книжевни преводи и имаа можност дополнително да ја истражат македонската литературна сцена, соопштија од тимот на издавачката куќа „Готен“

За време на својот престој во Скопје Марјанџела Бјанкофјоре работела на преводот книгата „Идол на ѕидот“ од Елена Филиповска, а Анамарија Цинеге Панзова на преводот на „Антологијата на македонската книжевност“ објавена од Институтот за македонска литература.

Во рамки на разговорот двете преведувачки ќе имаат можност да ги споделат своите искуства поврзани со работата на своите преводи. Истовремено ќе се разговара и за предизвиците со кои се соочуваат оние што преведуваат од македонски на некој друг европски јазик, каков е интересот на странските издавачите за делата на македонските автори, како и за тоа каква е рецепцијата на македонската книжевност во нивните средини.

Марјанџела Бјанкофјоре е родена 1981 година во Италија. Завршила компаративна книжевност и литературен превод на Филолошкиот факултет во Неапол, и постдипломски студии по теорија и практика на литературен превод на Универзитетот во Бари. Од македонски на италијански јазик превела дела од Влада Урошевиќ, Лидија Димковска, Александар Прокопиев и други македонски писатели.

Анамарија Цинеге Панзова е родена 1976 година во Унгарија. Завршила унгарски јазик и литература на Факултетот за општествени науки во Будимпешта. Од македонски на унгарски јазик превела дела од Гоце Смилевски, Лидија Димковска, Венко Андоновски и Ненад Јолдески.

Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска