Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт) ќе учествува во програмата на 35. Светски конгрес на ИТИ, кој од утре до 22 јули ќе се одржува во Сеговија – шпански град со богато средновековно културно наследство.
Претставници на Македонскиот центар на ИТИ се Ивана Коцевска, член на Танцовиот одбор на ИТИ Македонија, балерина и кореограф во Македонската опера и балет; и театарскиот режисер Наум Пановски од Поиезис театарот од Њујорк, член на Меѓународниот едукативен одбор на ИТИ УНЕСКО.
– Оваа година Конгресот е претежно фокусиран на современиот и класичен танц. Според програмата, учесниците ќе бидат дел од серија на панели, дискусии, претстави и перформанси, состаноци, конференции, запознавања и размена на информации, контакти и можности за натамошни соработки, соопшти Македонскиот центар на ИТИ.