Претставата на Младинскиот образовен форум од Скопје победник на 53. ДАФ

Од:

Со прогласување на победниците во одделни категории и со врачување на наградите синоќа заврши 53-то издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ), кој од 29 мај до 3 јуни се одржуваше во Кочани.

На сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ беа прикажани 13 претстави во официјална конкуренција од Македонија и Србија.

Жири-комисијата во состав: м-р Димче Николовски, режисер, Андреа Голуб, драмски уметник и Венцо Димитров, сценограф, за најдобра епизодна женска улога и доделија награда на Бисера Димитриевска. Таа е наградена за стабилното и конкретно субјективизирање на ликот на Мелиса во претставата „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, во режија на Стоје Додевски, а во изведба на Аматерскиот театар „Куманово“ од Куманово.

Наградата за најдобра епизодна машка улога ја доби Јовица Сиљаноски за покажаниот огромен творечки потенцијал и свежината што ја внесе во секоја појава на сцената во улогата на Диме Такси, во претставата „Големи и мали“ од Бошко Смаќовски, во режија на Михајло Петревски, а во изведба на Аматерски театар при НУЦК „Кочо Рацин“- Кичево.

Јована Јосеска ја доби наградата за најдобра женска улога за, како што се наведува, филигранското пласирање на успешно изградениот лик – Донка во претставата „Големи и мали“ од Бошко Смаќовски, во режија на Михајло Петревски, а во изведба на Аматерски театар при НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.

Наградата за најдобра машка улога ја доби Јанко Шаркези за врвното актерско мајсторство во улогата на Франсоа Пињон во претставата „Вечера будала“ од Френсис Вебер, во режија на Александер Бако, а во изведба на КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Република Србија.

Жирито наградата за најдобра режија му ја додели на Димитар Шутевски за успешното фузирање на интимните желби и идеалите со проблемите на денешното општество за претставата „Дисфункција“ од Ана Жежовска, во изведба на Младинска сцена при Интимен театар – Битола. Наградата за уметничка иновација и истражување во аматерскиот драмски израз ја доби претставата „Дисфункција“ од Ана Жежовска, во режија на Димитар Шутевски, а во изведба на Младинска сцена при Интимен театар-Битола, за искрената пожртвуваност и штедроста во создавањето на авторскиот проект.

Гран-при наградата „Васил Ќортожев“ за најдобра претстава и беше доделена на претставата „Илустрации за тоа како идејата го запрепастува човекот кој не е спремен за тоа“ во режија на Наталија Теодосиева и Јаков Спасов за квалитетната колективна игра и вештото извршување на задачите во една комплицирана естетика, а во изведба на театар „Kunstwerkstatt“ при Младински образовен форум – Скопје.

На фестивалот беше доделено и специјално признание на претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Јован Цветковски, а во изведба на НАТГ „Аматер“ – Охрид за зрелиот и сериозен пристап при доловувањето на комплексните прашања што ги поставува современата пиеса „Буре барут“.

Во чест на наградените се одржа и ликовен преформанс на Сергеј Андреевски со музички хепенинг под наслов „Ние (запирка другарите)“.

Би можело да ве интересира

Доделени наградите на 59. издание на ДАФ: Гран при за претставата „Ништо не ѐ страшно“ на „Театар Пи“

Ана Ололовска

Претставата „Немам каде да се вратам“ ја освои Гран при наградата на 60. ДАФ

Ана Ололовска

Почна 56. издание на Драмскиот аматерски фестивал

Ана Ололовска

„Класот Х“ на Театар Пи во официјалната програма на ДАФ 2019

Ана Ололовска

Драмскиот аматерски фестивал прославува 60 години од своето постоење

Ана Ололовска

Драмскиот аматерски фестивал – ДАФ прославува 60 години од своето постоење

Ана Ололовска