„Класот Х“ на Театар Пи во официјалната програма на ДАФ 2019

Од:

Претставата „Класот Х“ е селектирана за учество на Драмскиот театарски фестивал во Кочани. Претставата ќе се одржи на 29.05.2019 недела, од 12:00 во Кочани.

„Класот Х“ е една жестока претстава, интензивна, вознемирувачка тема која ја открива сликата на нашата реалност во образованието, која ние не би сакале да ја видиме, но уметноста треба да биде гласот на оние кои глас немаат. Во овој случај, на младите, сиромашните луѓе од дисфункционални семејства, кои израснале во најтешки околности, чија изолација не е по нивна вина. Тие не се виновни што се турнати на маргините на општеството, виновно е општеството, виновни се училиштата, медиумите, кои не се занимаваат со нивните проблеми. Ние решивме да им дадеме право на глас и да зборуваме во нивно име. Тука и сега.

Таа ја третира социјалата помеѓу луѓето не само во класна, туку и во животна и човечка смисла. Дава слика на еден општествен систем, акцентирајќи ги разкажувањата на ликовите и нивните судбини, нивните „предавања“ кои се одбранбен механизам против општествениот механизам. Влегува во сите пори на современото општество акцентирајќи го недостатокот на солидарност, емпатија, во кое општество секој е препуштен сам на себе.

А парата/материјалното станува единствена легитимна друштвена опсесија.

Претставата всушност е револуција на денешните превирања. Ова е трета претстава на Театар Пи за оваа година. Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска.

Играат: Аника Димиќ, Дарио Стојановски, Елена Павловска, Елена Тодорова, Јана Костовска, Јована Петковска, Марија Пачемска, Матеа Најдоска,Матеја Стојановска, Милена Цветковска, Мони Михајлоска, Сара Гиразовска, Стефанија Ризова, Тамара Гаџоска, Ања Трајковска, Матеа Стојческа, Марија Радовиќ, ученици од О.О.У. Јоаким Крчоски. Фотографијата и видеото се на Никола Ристовски.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска