Претседателот Пендаровски ја прими добитничката на наградата „Роман на годината“, Симона Јованоска

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими добитничката на наградата „Роман на годината“ за 2021 година, Симона Јованоска, авторка на романот „Денот на црвот“.

Претседателот упати честитки до наградената авторка посакувајќи ѝ понатамошни успеси и уште многу престижни награди за нејзиното творештво. Тој изрази признание и почит за сите автори кои со своето творештво го збогатуваат домашниот литературен опус.

На средбата, претседателот посочи дека уметниците не творат за награди, но тие неминовно придонесуваат за афирмација на нашите автори и промоција на нашата книжевност и јазик, додавајќи дека поддршката на младите автори е особено важна за поттикнување и развој на нивната работа.

Дебитантскиот роман на Симона Јованоска, „Денот на црвот“, беше награден во конкуренција од 39 романи, а наградата традиционално ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Оваа награда досега е доделена 23 пати и е наменета за роман кој во тековната година е објавен на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат романот „Столб што пее“ од Томислав Османли

Ана Ололовска

Современиот класик „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски

Ана Ололовска

Пеца Поповиќ промовира три книги во Скопје

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Луѓенца“ од Лилјана Пандева

Ана Ололовска