„Пресвета Богородице, Спаси не“ на Димитровска Бобевски награден во Белорусија

Од:

Документарно-играниот филм „Пресвета Богородица,Спаси не“ на актерката и режисер Весна Димитровска освои уште една награда на меѓународниот католички фестивал на христијански филмови во Белорусија.

Филмот „Пресвета Богородице, Спаси не“ во Белорусија, во конкуренција на четириесет филмови од седумнаесет земји од светот, ја освои највисоката награда на фестивалот, првата награда од стручната жири комисија на меѓународниот католички фестивал на христијански филмови. Инаку, ова е трета награда по ред на овој филм.

Весна Димитровска Бобевски на денешната прес-конференција појасни дека на фестивалот на кој учествувала се чувствува сплотувањето на религијата и уметноста. Фестивалот кој опстојува десет години за неа е уште поважен бидејќи преку неа првпат Република Македонија имала свој претставник на фестивалот, а во таа чест таа симболично засадила костеново дрво.

– Чувството е навистина убаво, возбудата е огромна, филмовите беа сите со црковна тематика. Имаше многу филмови и чест ми е што и македонски филм имаше можност да се претстави и да добие неочекувано награда, потенцира Димитровска Бобевски.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ