Преставата „Не се клади на англичани“ на ДАФ во Кочани

Од:

На 53-то издание на годинешниот Драмски аматерски фестивал во Кочани, љубителите на комедијата синоќа имаа можност да ја проследат преставата „Не се клади на англичани“ од Божидар Ѓурѓевиќ. Режијата е на Глигор Цветковски во продукција на Драмското студио при Центарот за култура од Крива Паланка.

За прв пат во изминатите денови на одржувањето на фестивалот салата во Центарот за култура во Кочани беше полна со посетители, кои уживаа во прекрасната актерска игра на Дарко Ристовски, Христијан Цековски и Александар Ристовски. Позитивни оценки преставата во целина и режсерската постановка на Глигор Цветковски добија и на разговорите по преставата.

Во ноќниот термин настапија членовите на театарската група „Дрим тим ЈБТ“ од Гимназијата „Ј.Б.Тито“ од Скопје кои ја донесоа преставата „Ричард 3“ од Вилијам Шекспир во режија на Ана Варелова и Емилија Величкова.

Денеска на претпоследниот ден од годинешниот ДАФ во Кочани ќе настапат аматерскиот театар од Кичево, драмските аматери од Охрид и Интимниот театар при Младинската сцена од Битола. Ќе се одржи и портрет на актерот Мите Грозданов по повод неговата 60-годишна работа во драмскиот аматеризам и 50 години професионална актерска игра.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена