„Пренџова и приjателите” – поетско читање во Тирана

Од:

Во бар-клубот „Хемингвеј“, во албанската метропола, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи поетска вечер, со поетесата од Македонија,  Елена Пренџова насловена „Пренџова и пријателите“.

– Вечерта е осмислена како средба на која секој гостин може да ја презентира својата поезија и да се приклучи на читањето. Нашата позната поетеса Пренџова е на едномесечен поетски престој во Тирана, во организација на „Поетека“, а поддржано од „Традуки“ и Министерството за култура на Република Албанија. Таа деновиве имаше средба и со  Mакедонците кои живеат во Тирана, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“.

Елена Пренџова (30) е автор на стихозбирките „Живот под ѕвездите“, „Пораки од морето“, „Таа“ и „Јас“, како и на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“. Нејзини песни се застапени во панорамски и антологиски избори на современата македонска поезија, објавени во Македонија и во странство.

Таа е добитник на наградата „Најдобар поет“ на првите регионални средби во Брчко, Босна и Херцеговина, во 2012 година.

Поетесата Пренџова, како што беше соопштено деновиве, е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Наградата и е доделена за стихозбирката „Политички коректна“, објавена во издание на „Матица македонска“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска