Премиера на „Солун, град на духови“ во Музејот на холокаустот во Скопје

Од:

Театарот на Навигаторот Цветко вечер во Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија премиерно ќе ја прикаже претставата „Солун – град на духови“. Претставата е во режија на Слободан Унковски, а текстот е од Русомир Богдановскиинспирирано од истоимената книга на Марк Мазовер.

Драмската екипа е составена од Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Владимир Петровиќ, а музиката е авторско дело на Златко Ориѓански.

Претставата е направена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.

Хрониката Солун – град на духови, христијани, муслимани и евреи 1430-1950 од светски познатиот историчар и професор, МаркМазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија.  Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.

Златко Ориѓански напиша повеќе оригинални песни и друга музика за оваа претстава, во духот на балканската музичка традиција.

„Солун – град на духови“ е првиот дел од трилогијата која ќе ги опфати и „Лерин – полиња жито, ридишта крв“ во 2015 година и „Скопје – Скопје“ во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“