Премиера на „Соба со пијано“ на отворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

Од:

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола ќе биде отворен на 14 септември со премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов – Изи.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ Лабина Митевска која рече дека и претставува задоволство што стана традиција и веќе трета година по ред се обидуваат со сите можни сили Фестивалот да биде отворен со македонски филм, започнувајќи со „Мајки“, „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“ и оваа година со новиот филм на Изи.

Таа додаде дека филмот „Соба со пијано“ ќе биде во главната конкуренција.

Режисерот Иванов рече дека станува збор за ниско буџетен филм кој е завршен за 890.000 евра и за 26 дена снимање.

– Тоа бараше неверојатни подготовки. Имавме многу странски актери и странска екипа со фиксни термини. Филмот моментално е во конечна постпродукциска фаза што значи дека тој е релативно завршен, имаме нулта копија и недостига да се направат последните корици на тонот и на сликата и да ја испринтаме копијата, посочи Иванов.

Тој додаде дека по премиерата на филмот на фестивалот „Браќа Манаки“, ќе има проекции во Скопје и во другите градови во Македонија.

Продуцент на филмот и директор на фотографија е Томи Салковски, сценариото е на Жанина Мирчевска и Игов Иванов, а улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Јовица Михајловиќ, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогеш, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Јагода Кумриќ, Фирдаус Неби и Невена Ристиќ. Специјални гости се Тони Палмер, Ханес Вегенер и Мајк Сарн.

Главниот извршен директор Никола Љушев рече дека и на 34.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола, кое ќе заврши на 20 септември, значајно внимание ќе биде посветено на програмата наменета за децата.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ