Премиера на првиот документарец за култната македонска група „Мизар“

Од:

Во киното „Фросина“ во недела со почеток од 20 часот премиерно ќе биде прикажан краткометражниот документарен филм „Мизар – ѕвезда на надежта“ во рамките на „Скопски филмски фестивал“ во вечерта посветена на студентските филмови изработени од студентите на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Автор на филмот е Марко Џамбазоски, студент на катедрата по филмска и ТВ монтажа, инаку и самиот е музичар во скопскиот бенд Визија.

Приказната ги обработува почетоците на легендарниот македонски бенд Мизар и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, Мизар станува една од најзначајните групи во историјата на македонската рок култура.

mizarPoster2

За овој филм се користени главно досега необјавени аудио и видео материјали од бендот од кои еден дел се демо снимки, а други се материјали кои веќе две ипол децении се заборавени длабоко во архивата на Македонска радио телевизија.

Филмот е базиран на сеќавањето на членовите на Мизар од тој период – Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Илија Стојановски, Горан Таневски и Слободан Стојков, а во него се опишува и односот на Мизар кон тогашниот политички систем во Југославија и тврдоглавата желба на членовите да донесат промени во општеството, како на пример поголема слобода на мислење и изразување, не само во културата туку и воопшто.

Ова е прв документарен филм за култниот македонски бенд Мизар воопшто. Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски, а снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање.

Би можело да ве интересира

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола