Драмското студио „Летечката театарска трупа“ при Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово вечерва пред публиката се претставува со најновата премиера на претставата „Животот е прекрасен“. Премиерата започнува во 18 часот, а во 20 часот следува и првата реприза.
-Театарската етида „ Животот е прекрасен “ е уникатна изведба на делото на маестралниот Роберто Бенини. Трогателна вистина за максимата „Човек на човека му е волк“. Безгласна претстава за силата на човечката волја против ужасите на холокаустот. Асоцијативна игра прикажана низ сценски флерт на актерот и музиката. Единствена можност за доживување на театарот од перспектива на актерот, вели Зоран Јовановски од драмското студио„Летечката театарска трупа“
Во петок ќе има уште две репризи од 18 и од 20 часот.