Актерскиот ансамбл на албанската драма кој функционира при кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во центарот за култура со почеток во 20 часот, ќе ја премиерно ќе ја изведе претставата „Коренот на Кале”.
Претставата е во режија на Веби Ќерими, работена по текстот на Назми Беќири.
Како што информираше денеска уметничкиот директор Енвер Халими, во преставата ќе играат актерите Зијадин Муртези, Исмаил Касуми, Ќазмедин Нуредини, Мирсад Абази, Сефедин Шабани, Шкељќим Ислами, Илбер Муртези, Мендим Муртези, Шкумбин Зекири, Енвер Халими, Сара Бајрами, Резарт Нуредини и Генциана Рамадани.
Репризите, информираше Халими ќе се играат од понеделник со почеток во 20 часот. Сценографијата е на Арменд Адеми, додека за музичкиот дел ќе се погрижи Орхан Шаќири.