На фестивалот „Танц фест 2018“ вечер од 20 часот во Дансинг салата на Младинскиот културен центар премиерно ќе биде изведена „Егзистирање“ на Скопје танцов театар.
Претставата се состои од три кратки кореографии: „What happened to…self? на Јкуб Мунко, „БЕЗ Стоп“ на Матеа Киселичка и „Егзистирање“ на Рисима Рисимкин.
– Трите кореографии се обединети околу темата на егзистирање и кои се предизвиците денес, посебно за младите луѓе: Кој си, што си, како се снаоѓаш во секoјдневните гужви, притисоци? Каде си?, соопшти „Танц фест“.
Ќе настапат танчарите Јована Зајкова, Сара Цветковска, како и Тереза Лазарев. Артемиса Морина и Бобан Русески кои се подмладокот на Скопје танцовиот театар.
Оваа претстава на 16 април ќе се одигра и на сцената на Народниот театар во Велес, а на 19 април ќе ја отвори платформата на девет европски танцови академии и универзитети насловена „Share“, во која ќе учествуваат повеќе од сто млади уметници од Австрија, Словачка, Полска, Летонија, Литванија, Унгарија, Чешка и од Македонија.