Премиера на претставата „Др.Хупутдис Но Боди” во Домот на култура во Крушево

Од:

Во Домот на култура ННБ Крушево вечер (19:30) часот премиерно ќе биде изведена претставата „Др.Хупутдис Но Боди”, по мотиви на „Тренер на духови” од Јон Бајешу, а по превод и адаптација на текст од Захарија Ангелеска.

-Оваа претстава е необична затоа што е направена во нетипичен простор за изведба, потсетува на една празнина, како еден огромен стар замок, во којшто е затекнат човекот. Претставата зборува за односите спрема самите себе пред се, односите кон другите и односот на другите кон нас, којшто цело време се присутни и ни наметнуваат како „совет“ да живееме како што не знаеме. Ова е четврта претстава надвор од границите на институцијата ТЕАТАР и всушност тоа е мојот предизвик – ТЕАТАР СЕГА И ОВДЕ!, вели во пишана изјава Ангелевска која е и учесник во претставата заедно со Таница Бебиќ.

Сценографијата и дизајнот за претставата се на Маја Џеповска, музиката на Оливер Јосифовски, фотографија Андреј Рујаноски, а светло Фани Ристеска.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе се одвива по сите прописи и заштитни мерки, имајќи ја во предвид состојбата од ковид пандемијата..

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“