Премиера на претставата „Бледица“ од Васе Манчев во Струмица

Од:

Со премиера на претставата „Бледица“ од Васе Манчев, Народниот театар „Антон Панов“ ја почна театарската сезона. Синоќа на малата сцена 212, љубителите на театарската уметност од Струмица ја проследија премиерата на претставата „Бледица“ од  Васе Манчев, а во режија на Кире Горгиев.

– Овој проект е во наша продукција и со него го одбележуваме тридецениското работење на полето на театарот на нашиот колега Кире Горгиев, кој овојпат е режисер на оваа претстрава, изјави Драган Маџиров, уметнички директор во театарот „Антон Панов“.

За режисерот Кире Горгиев, драмата „Бледица“ од Васе Манчев е вонвременски текст, кој посебно  е актуелен во сегашните општествени сосотојби на отуѓување и деградација на семејството.

– Првпат „Бледица“ во Струмица беше одиграна пред 30 години. За жал, таа овие години беше неоправдано истисната од репертоарите на театрите. Овојпат во улога на режисер мислам дека открив нови театарски видувања, што секако ја нуди драмската подлошка на „Бледица“. Во тоа ми помогна одличната актерска екипа која беше предводена од  Снежана Коневска-Руси и Борче Нечев, нагласи режисерот Горгиев.

За актерката Снежана Коневска–Руси, која третпат гостува во претстави на театарот „Антон Панов“, подготовката на „Бледица“ била неповторливо и вистинско уметничко другарување.

– Случајот сакаше оваа претстава да ја правиме со Кире, кој слави три децении актерство и моите четири децении на штиците што живот значат. Со Кире бевме партнери во претставата „Револуционер“. Тогаш бевме млади и полни со елан. Сега тој е  режисер, а јас по безбројните улоги на ќерки и девојчиња, стигнав да бидам мајка, изјави Снежана Коневска–Руси.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот е вечна промена

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје