Драмски театар вечерва со премиерата на претставата „Падот на Масада“ ја заокружува програмата за 2023 година.
Претставата е во режија на Дејан Пројковски по текст на Венко Андоновски.
Асистент на режија е Дамјан Димовски, сценографија и костимографија ја подготви Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајкоски.
Улогите ги толкуваат Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.