Премиера на мјузиклот „The Opera House“ во Битола

Од:

На летната сцена од Домот на АРМ во Битола, вечер, премиерно ќе биде изведен мјузиклот „The Opera House“ во режија на Благојче Божиновски, работен според мотиви од мјузиклот „Фантомот од операта“ на британскиот композитор Ендрју Лојд Вебер.

Музичкиот настан е во рамките на Битолското културно лето „БитФест“ и претставува континуитет на претходните проекти на Битолската опера, односно „Дон Пасквале“,  „Бастиен и Бастиена“, „Хераклеја и Ликиниј“, „Свирач на покривот“, „Аптекарот“ и „Евита“, информираа од општина Битола.

– Овој наш придонес е со цел поддршка на проектот Битола да има своја опера, проект кој ќе ги зголеми стандардите, кој ќе понуди еден поинаков поглед на операта и би рекол дека „The Opera House“ претставува мјузикл со оперски елементи или можеби опера со елементи на мјузикл, но и со театарски елементи, посочи режисерот Божиновски во пресрет на вечерашната премиера.

На летната сцена од Домот на АРМ во Битола ќе настапат оперските пеачи Нико Ѓоргиевски, Марина Коруновска, Денис Алитовски, актерите Валентина Грамосли и Борче Ѓаковски и други.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола