Премиера на краткиот филм „409“ на Даријан Пејовски

Од:

Краткометражниот филм „409“ по сценарио и режија на Даријан Пејовски премиерно ќе биде прикажан вечер од 18 часот во киното „Синеплекс“.

– „409“ е приказна за човек кој поседува се она што во општествена смисла значи „нормален” или „успешен”. Но токму овие параметри го врамуваат и го потиснуваат во агол, каде што во недостиг на емотивна сатисфакција, се врти кон самиот себе, соопшти продукцијата Марни Филмс и Вертиго Висуал

Главните улоги ги толкуваат Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ.  Кинематографер е Димо Попов, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, музиката е на Александар Пејовски, а  костимограф е Розе Трајческа-Ристевска.

Филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ