Балетската претстава за деца „Ени“ во режија на Александра Никифоровска вечер премиерно ќе биде изведена во Македонската опера и балет. Претставата е копродукција со школата за балет „Булфоргс“.
За балетот „Ени“, Никифоровска се инспирирала од едно девојче од Домот за деца без родители „11 Октомври“ и по истоимениот мјузикл.
– Го обработуваме конкретниот филм од 1982 година во копродукција со МОБ, македонски солисти и гости од Бугарија. Темата е извадена од филмот, но не е класична копија од него. Музиката не е извадок од филмот, туку се инструментални верзии од мјузиклот. Нема пеење, ќе има само драматургија, најави Никифоровска.