Македонската опера и балет за 29. септември најави премиера на балетската претстава за деца „Ени“ во кореографија на Александра Никифоровски, заеднички проект на МОБ и Булфрогс-продукција.
Ден претходно, 28. септември, МОБ организира хуманитарен гала-концерт од 20 часот за помош на Детската клиника-Скопје.
На Малата сцена на МОБ вечер ќе биде изведена операта „Аптекарот“ од Хајдн. На 20. септември на редовниот репертоар е балетот „Александар Трети Македонски“ на Љубомир Бранѓолица, со кој МОБ идниот вторник ќе гостува во Битола.