Премиера на балетот „Дамата со камелии“

Од:

Македонскиот Балет вечер премиерно ќе ја изведе балетската претстава во два чина „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди во кореографија на Василиј Медведев од Русија. Главните улоги (Маргарита и Арман) ќе ги играат првенците на МОБ Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ќе настапи балетскиот ансамбл и Оркестарот на МОБ под водство на диригентот од Србија Ѓорѓе Павловиќ.

Либретото е на Јана Темиз (писателка на детективски романи која живее во Турција), а се базира на познатото дело на Александар Дима (синот). Музиката е позната од најпопуларната опера на Верди – „Травијата“. Сценограф, костимограф и автор на дизајнот на светло е Павол Јураш од Словачка.

Ова е прва соработка на МОБ со кореографот Медведев, кој е и првпат во Македонија. На прес-конференција тој рече дека претставата првпат ја режирал во 1996 во Санкт Петербург. Со нова верзија гостувал и во Сараево, а за Скопје е направена најнова верзија различна од претходните. Негов асистент е Станислав Фечо, кој го играл Арман во првата постановка пред 18 години.

Уметничкиот директор на Балетот Горан Божинов нагласи дека резултатите ќе бидат очигледни зашто екипата работела напорно и затоа што Медведев е еден од петте водечки кореографи во светот. Првиот контакт со него, како што рече, бил преку Сараево, каде веќе ја поставил „Дамата со камелии“ (во Сараево гостувал и веднаш по војната со претставата „Ѓаволесто девојче“), а вториот контакт бил преку сопственикот на „Гришко“, кој отвори фабрика за балетска опрема во Македонија.

Мијалкова и Чичијашвили ќе настапат на премиерата и на првата реприза на 4 ноември. На втората и третата реприза Маргарита ќе ја играат Марија Кичевска-Шокаровска (7 ноември) и Мими Поп Алексова-Атанасовска (28 ноември), а во улога на Арман ќе биде Бобан Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска