На 22 јануари во 12:30 часот во големата аула на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје-Париз-Есен-Ротердам (Кинотека на Македонија) ќе одржи предавање годинешниот лауерат на Светската награда за хуманизам, Претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, професор од Империал колеџ од Лондон, Жан-Партик Конрад.
Професорот Конрад ќе презентира ексклузивна енциклопедиска анализа, низ призмата на Брегзит – излегувањето на Велика Британија од Европската унија, во контраст со желбата на земјите од Западен Балкан за влегување во ЕУ. Како што е познато, во неговите текстови објавени во повеќе европски и светски медиуми тој ја нарекува Република Македонија вистинска европска лабораторија, и вистинска Мала Европа на Балканот.