„Предание и континуитет 2017“ – тридневен форум за постмодерната во Струга

Од:

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од денеска до недела ќе се одржува форум од областа на културата „Предание и континуитет 2017“.

Првата дебата ќе донесе теолошко-философски поглед на постмодерната, а учесници ќе бидат Ристо Солунчев од Философскиот факултет во Скопје, Стефан Санџакоски и Милан Ѓорѓевиќ од Теолошкиот факултет во Скопје и Калистрат Санџакоски – дипломиран теолог од Струга.

В сабота учесниците на дебатата ќе стават акцент на книжевно-поетскиот поглед на постмодерната. На дебатата ќе учествуаваат митрополит американско-канадски Методиј Златанов, писателот и сликар Димитрие Дурацоски, Иван Додовски од Американскиот универзитет во Скопје и писателот од Струга Ненад Јолдески.

На последната дебата, предвидена за недела, ќе учествуваат Небојша Станковиќ од Принстон универзитет, САД, Димитри Кумбароски од Универзитет Евро-Балкан од Скопје, Игор Котларовски, архитект од Скопје и скулпторот од Битола Владимир Симоновски.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ