„Пред дождот“ меѓу 500 најреволуционерни филмови

Од:

Швајцарскиот Филмски центар Филмподиум од Цирих го вброи македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 500. најреволуционерни филмови во историјата на кинематографијата.

„Пред дождот“ е рамо до рамо со сите најзначајни филмски остварувања, од „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс до „Рашамон“ на Акира Куросава, од Фелини и Бергман до Хичкок и Кјубрик, соопшти „Банана Филм“.

„Пред дождот“ е прикажан овој месец, а серијата во Цирих насловена „Првиот век филм“ ќе трае дури 10 години.

Во воведот на Филмподиум се вели: „Манчевски стручно си игра со текот на времето, само во можноста на паралелизам или дупки тој гледа излез од спиралата на насилството.“

„Пред дождот“ претходно се најде и на листата на „Њујорк Тајмс“ на 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Филмот има освоено над 30 високи награди, меѓу кои Златен лав во Венеција, номинација за Оскар во Холивуд, награда на УНИЦЕФ, на ФИПРЕСЦИ, Златен кондор во Аргентина, награди во Шведска, Бразил, Русија, Турција, Белгија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он