„Празник на липите“ – врачени признанијата „Книжевно жезло“

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска ја одржа традиционалната манифестација „Празник на липите“ на која им беа веачени признанијата „Книжевно жезло“ на годинашните добитници – македонскиот поет и литературен критичар Ефтим Клетников и  на академик Анте Стамаќ, поет и македонист од Хрватска.

– За поезијата обично се поставуваше прашањето дали ќе го спаси светот. Денес гледаме дека за спас или пропаст се грижат банките и корпорациите. Ние, за жал, живееме во непоетско време, рече Клетников.

Академик Стамаќ истакна дека е убеден оти поетите ќе бидат тие што нема да ја напуштат историјата, и дека таа ќе се потпре на нив.

– Поетите можат да го освежат јазикот, а јазикот е иднината, отсекогаш бил и ќе биде, рече Стамаќ.

Признанијата на лауреатите за 2013 им ги врачи претседателот на ДПМ Раде Силјан, а поздравна реч одржа претседателот на Организацискиот одбор Христо Петревски. Тој истакна дека липата е благородно растение чиј опоен мирис е препознатлив за Скопје. Повика да се засадат 2013 липови стебла.

– Без нивно обновување, ќе ја нема ни нашата манифестација, рече Петревски.

Покровител на манифестацијата е Град Скопје и во име на градоначалникот Коце Трајановски „Пораката до скопјани“ ја упати претседателката на Советот Ирена Мишева.

– Пишаниот збор предаден преку творбите на поетите, без разлика дали е лирична, елегична, надреалистична или современа поезија, останува како дел од севкупното уметничко, културно и цивилизациско наследство на градот Скопје и Република Македонија, рече Мишева, која на наградениот Стамаќ му додели признание „Почесен поет на  градот Скопје“.

Пораката на поетскиот митинг „Поетите за Скопје” ја прочита Василе Димески, а настапија и други поети-членови на Друштвото на писателите на Македонија. Традиционално, поетската манифестација почна со стиховите од „Липа“ на Матеја Матевски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска