Празник на балканскиот филм и култура во Берлин

Од:

На Универзитетот Хумболдт во Берлин, еден од најстарите во Европа, на 10 Јуни 2015, по петте реализирани изданија во Париз, Франција, за прв пат беше отворен и Фестивалот на земјите на Југо-Источна Европа во Берлин.

На свечената церемонија пред преполнетата сала и големиот број на официјални претставници на земјите од ЈИЕ, германски и европски институции, се обратија потпретседателот на Универзитетот Хумболдт, професорот Микаел Кампер ван ден Богарт, почесниот претседател на фестивалот, големиот француски режисер Ив Буасе и основачот и претседател на фестивалот и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, Јордан Плевнеш.

Со овации беа поздравени двајцата добитници на традиционалните признанија: Раде Шербеџија како Актер на Југо-Источна Европа и Трифун Костовски како Личност на Југо-Источна Европа во доменот на економијата.

Следниот ден, во рамките на фестивалот се одржа симпозиумот на тема „Европа низ призмата на словенските народи и култури”, на која покрај истакнати германски универзитетски професори беа презентирани и излагањата на академик Георги Старделов и на Маја Јакимовска Тошиќ. Свое учество имаше и преведувачот на германското издание на романот “Осмото светско чудо” од Јордан Плевнеш, Вил Фирт.

Во текот на четирите фестивалски дена беа прикажани поголем број на играни, документарни и кратки играни филмови, а по нивното прикжување, стручното жири во состав Харлд Зиблер, претседател на жирито и членовите Урлих Херман, Валтер Колбо, Јован Балов и Весна Цидилко, одлучија за најдобри да ги прогласат филмовите:

Најдобар филм „Колку прекрасен свет”, во режија на Анатол Дурбала од Молдавија
Најдобар режисер Бранко Иштванчиќ, за филмот „Мост на крајот на светот” од Хрватска
Најдобар краток филм „Балкон”, во режија на Линдита Зекирај од Косово
Најдобар актер Александар Богдановиќ, за улогата во филмот „Мост на крајот на светот” од Хрватска
Најдобра актерка: Флоња Кодели, за улогата во краткиот игран филм „Симпозиум”, од Албанија

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он