„Празнични денови и ноќи“ викендов во ЦК „Кочо Рацин“ Кичево

Од:

Во рамките на манифестацијата „Празнични денови и ноќи“ организирана од здруженијата „КУЛТ“ и „ОПУС АРТ“ и во соработка со здруженијата „Фортеса“, „Албанска жена“, „Консонанца“ и Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево, ќе се реализираат повеќе културни настани.

-На 9 октомври ќе се одржи детскиот фестивал „Наш ден“, кој се планира да се одржи во големата сала од Центарот за култура „Кочо Рацин“ со почеток во 17 часот и на кој ќе настапат повеќе млади таленти, истакна директорот на центарот Мазлам Османи и посочи дека на 10 октомври ќе биде прикажан документарецот „Кичевска свадба“ со почеток во 14 часот. Потоа од 15 часот ќе следи културниот настан „Жена албанка“, што ќе го сочинуваат коцерт, народни носии и традиционална храна.

Во 19 часот премиерно ќе биде претставена самостојната изложба на Валмир Азири „Трагите на татковината“, а од 20 часот ќе започне соло концертот на Шкелзен Бафтијари.

Завршницата на оваа манифестација ќе биде збогатена со проекција на филмот „Една приказна од Приштина“, чиј почеток е планиран за 20,30 часот.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ