Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Од:

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со НУ Центар за култура, во Битола, организираат Божиќен и новогодишен концерт, со настап на вокалната група и тамбурашкиот оркестар на „Хрватска читална“ од Херцеговац, Хрватска.

Здружението „Хрватска читална“ е основано во 1921 година и претставува центар на културните настани на општината Херцеговац и регионот, посочуваат организаторите на концертот кој утревечер ќе се одржи во големата сала на битолскиот Центар за култура.

– Во Битола ќе настапат уметници кои членуваат во друштво со голема традиција и во чиј состав работаат аматерскиот театар „Пучка сцена“, фолклорно друштво, тамбурашки оркестар и вокална група. Организатори се на повеќе манифестации, на фестивалот на детска песна „Златен славеј“, Денови на хрватскиот театар…Вокалната група која утревечер ќе гостува во Битола е основана пред 5 години и настапуваат под диригентска палка на Николина Марениќ. Изведуваат песни од хрватските региони и во придружба на тамбурашки оркестар, информираа од Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ”-Битола, во пресрет на концертот што ќе се одржи во овој град.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија