Познатиот Теофил Панчиќ престојува во Скопје на покана на „Готен“

Од:

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки во Скопје престојува Теофил Панчиќ, култен колумнист и критичар на белградскиот неделник Време и коментатор на радиото Слободна Европа.

Главна цел на престојот и на целокупната програма е да се продлабочат контактите со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Македонија, како и подготвувањето на неговата најнова книга есеи за постјугословенската книжевност и интелектуална атмосфера. Во текот на месецот Панчиќ пред македонската јавност ќе се претстави со авторска вечер, а ќе учествува и во други настани и тркалезни маси.

Теофил Панчиќ е роден токму во Скопје во 1965 година, но најголемиот дел од животот го минува во Загреб, а потоа и во Белград и Нови Сад, како новинар, критичар и писател

Во Скопје освен на кратко, на настан организиран од ЕУ Инфо Центарот, пред две години, не бил уште од дете. Очекува овој престој повторно да му ги продлабочи врските со родниот град и неговата интелектуална средина.

Автор е на дваесетина книги есеи, колумни, книжевни критики и други жанрови од кои најпознати се Урбани бушмани, Животот и смртта во српскиот посткомунизам (трилогија), Карма кома, Пепел без бавча. Нема списание на бившите југословенски простори за кое не пишувал: Ферал Трибјун, Глобус, Јутарњи лист, Монитор, Република и други. Бил член на неколку жири комисии за доделување награди, а и самиот е добитник на наградите „Југ Гризељ“, „Душан Богавац“ и „Витез позива“.

Од престојот на Панчиќ на резиденцијата во Сплит, настана книгата „39 денови на јуни“ во кои авторот преку еден вид дневничка проза ги напиша своите впечатоци од краткиот престој во овој град, но и претстави своевидна хроника на југословенските и постјугословенските настани, сеќавања, пријателства, споредби и согледби на низа појави кои се кријат врз секојдневните ефемерности. Панчиќ во книгата покажува дека краткоста на времето не е проблем за да се долови менталитетот на еден простор. Авторот тематизира длабоки интимни прашања но паралелно ги регистрира и се фаќа во борба со сите невралгични точки на современото општество, од беснеењето на национализмот до освојување на граѓанските слободи. Книгата излезе и во Хрватска и во Србија и предизвика интерес во јавноста, носејќи и различно име „39 денови во јуни“ односно „39 денови во липањ“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска