Познатиот германски теоретичар Гералд Рауниг ќе одржи предавање во Скопје

Од:

Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики, во рамки на проектот „Проширено естетско образование“ го започнува првиот модул на програмата дизајнирана и наречена: „Лаборатории на параестетичкото – ревоспоставување на политичкото“ (www.kontrapunkt-mk.org).

Со оваа своја програма, Контрапункт ја продолжува својата капитална истражувачка и практика на релациите помеѓу уметноста, политичкото и политиката, која започна уште во 2001 година и ја развива до денес преку многубројните проекти (Ширење и Слевање на Маргините, Школата за критичко мислење, Редефинирање на јавните културни простори, Расшколувано знаење…)

Првиот модул од овој обемен проект Проширено естетско образование е наречен „Архиви на насилството“ и ќе биде предводен од културниот теоретичар и политички филозоф Гералд Рауниг, кој ќе одржи јавно предавање насловено како „Машинистички капитализам, поделеност и насилство“ на 6 ноември, со почеток во 19.30 часот во ГЕМ клубот.

Низ овој резиденцијален модул (во чии рамки ќе се одвиваат повеќе предавања и семинари во периодот на 2015/2016 година) ќе се истражува и презентира процесот на архивирање на насилството во 20 и 21 век. Едно од основните прашања ќе биде како преку испитување на практиките на моќта и на насилството да ги разликуваме препознаваме и архивираме карактеристиките на политичките манифестации на заедницата и на субјектот, она што ја овозможува неговата егзистензија во услови на интелектуална, творечка и политичка репресија. Кои се перформативите на насилие во мултикултурни политички некултивирани средини. Како моќта и потчинувањето стануваат дискурзивен услов во артикулацијата на секое „ние“.

12200554_10208086957626928_373885166_n

„Лаборатории на параестетичкото – ревоспоставување на политичкото“ има за цел да понуди модел на лабораторија кој ќе ги истражува парадигмите на моќта, еманципаторските разгранувања на политичкото и на естетското во патеката која комуницира со сите репресивни облици врз граѓанството: обрaзовниот, социјалниот, културниот, политичкиот и медиумскиот.

Во социо-културниот контекст каде што се случува целосна девастација на политичката култура и недостиг на дијалог внатре културните формации и различните културни идентитети и практики, нужно e формирањето на јадро кое критички ќе ги преиспитува можностите и границите за формирање на оние формати на комуникациски алатки и вредности кои ќе бидат база за понатамошни дискурзивни, но и оперативни, активистички, социо-културни и политички артикулации на и во јавната сфера.

Во недостиг на знаења кои ќе упатат на тоа дека уметничката продукција, културниот капитал и политичките перформативи во рамки на самоорганизираните граѓански заедници и рефлекси во агората, мора да се афирмира потребата од хибридност во акциите, особено во општество каде што имаме повеќеслојни етнички и културни идентитети, каде што медиумите и просторот за граѓанско дејствување е деградиран и киднапиран од политичките елити. Неопходно е да формираме континуиран модул каде што ќе се истражуваат и изучуваат можностите на интерферирање помеѓу естетското и политичкото, помеѓу уметничките практики и нивното влијание врз пошироката демократизација на општеството, помеѓу граѓанските заедници и медиумските облици на борба..

Со параестетичката појдовна точка политичкото се деелитизира и деконструира преку уметничката продукција. Овој концепт ги поставува следните прашања: Како одредени социјални и политички категории да се мислат во термините на културата и уметничката продукција, и како културната продукција да се мисли во термините на политичкото. Параестетиката ги исцртува филозофските, политичките и историските врамувања со кои социо-културните практики се поврзани. Крајниот резултат на ваквиот лабораториски концепт е формирање платформа за употреба на уметничките практики во критичко преиспитување на идеолошките, социјалните, политичките дискурси.

Гералд Рауниг е филозоф, теоретичар на култрата кој ги истаржува врските помеѓу политиката – уметноста – културата; Работи во Zürcher Hochschule der Künste и во eipcp (Европски институт за прогресивни културни политики); член на уредувачкиот одбор на повеќејазични издавачки платформи како „transversal texts“ и списанието „Kamion“. Неговите книги се преведени на англиски, српски, шпански, словенечки, руски, италијански и турски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска